Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

21.12.2022 12:26 | Сузана Николиќ

На магистрален пат Крива Паланка – Куманово, на место викано „Пашина воденица“, кривопаланечко, вчера околу 15 часот, патничко возило „опел зафира“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.И.(36) од с.Мала Црцорија, кривопаланечко, удрило во товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од И.К.(47) од с.Тимјаник, неготинско.

Двајца повредени во сообраќајка на патот Куманово - Крива Паланка

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од патничкото возило, З.Г.(46) и Б.Ѓ.(80), двајцата од с.Мала Црцорија, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk