Двајца повредени во верижен судир на три автомобили во Куманово

13.10.2023 19:25 | KumanovoNews

Две лица се повредени во верижен судар на три автомобили на ул. Доне Божинов во Куманово.

Двајца повредени во верижен судир на три автомобили во Куманово

Сообраќајката се случила вчера попладне околу 17.10 часот  во близина на Спомен костурницата, помеѓу патничко моторно возило „даеву ланос“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од Куманово, патничко моторно возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.Б. (43) од Куманово и „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.З.М. (32) од Куманово. 

Во незгодата со повреди се здобиле М.А. и Е.П., сопатничка во патничко моторно возило „фолксваген голф, констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила од екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk