Двајца возачи повредени на стариот пат за Скопје

20.08.2018 09:11 | KumanovoNews

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на стариот пар Куманово-Скопје, во селото Никуштак.

Двајца возачи повредени на стариот пат за Скопје

 Сообраќајката се случила синоќа, во 20,10 часот, помеѓу патничко моторно возило Фолксваген Венто управувано од А.А.(30) од село Никуштак и патничко моторно возило Фолксваген Голф со скопски регистарски ознаки управувано од М.Б.(21 ) од село Орланце, скопско.

По незгодата А.А и М.Б. со возило на брза помош се пренесени во Медицински центар Куманово, каде им се констатирани тешки телесни повреди, по што А.А. е задржан додека М.Б. е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk