Двајца заболени и еден оздравен од кронавирус во Куманово

28.04.2020 12:58 | KumanovoNews

Во Куманово се регистрирани двајца новозаболени и еден оздравен од кронавирус, соопштуваат од Министерството за здравство.

Двајца заболени и еден оздравен од кронавирус во Куманово

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63-годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58-годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761.

Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 486

Куманово – 378

Дебар – 51

Штип-34

Прилеп –143

Тетово – 75

Струга – 65

Велес – 69

Битола –19

Охрид –15

Кавадарци – 7

Гостивар –17

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-5

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 28

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -5

Демир Хисар – 1

Македонски Брод -2

Пехчево- 1

Валандово -1

Виница – 2

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на КОВИД- 19.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk