Двајцата новозаболени од коронавирус се од липковско

15.05.2020 18:11 | KumanovoNews

 Двајцата новозаволени од вирусот КОВИД-19, кои денеска беа потврдени, се од липковските села и потекнуваат од познати кластери, информираат за Кумановоњус од Центарот за јавно здравје Куманово.

Двајцата новозаболени од коронавирус се од липковско

„Станува збор за две жени на различна возраст, едната е од Отља, а другата од Липково. Тие потекнуваат од познати кластери,  имале контакти со заболени во нивните семејства и се заразиле,- изјави Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

Во изминатиот период повеќето заболени од коронавирус се од липковско.

На Инфективното одделение во Кумановската болница се смести 7 пациенти, од кои тројца се позитивни, а четворица се негативни, но сеуште се на лекување.

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово досега се регистрирани 413 позитивни на коронавирус,  од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. 43 сеуште се активни.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk