Дванаесета меѓународна ликовна колонија “Карпино 2014“

20.06.2014 14:43 | KumanovoNews

 Во ресторан Грација од 9 до 16 јули ќе се оддржи меѓународна ликовна колонија “Карпино 2014“ што ја организира Мултимедијален центар Карпино.

Дванаесета меѓународна ликовна колонија “Карпино 2014“

Ќе учествуваат уметници од Србија, Бугарија, Русија, најавено е присуството на познатиот сликар Глигор Чемерски и други.

- Вечерите ќе бидат тематски така што една вечер ќе биде поетска, друга ќе биде драмска, третата ќе биде музичка вечер, ќе има забава, дружење со уметници, актери и други. Вообичаено ќе се оди еден ден во манастир Карпино, а на затварање секогаш одиме во црква во Старо Нагоричане и во Меморијален центар АСНОМ во Пелинце. Оваа година ќе предвидиме еден пикник на Аџитепе, ќе ги оставиме и еден ден ако можат таму да творат. Се надеваме дека ќе има многу добри дела и ќе биде една од подобрите колонии - изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар “Карпино“.

Меѓународната ликовна колонија “Карпино“ традиционално ќе се оддржи по 12 - ти пат.  Покровител на колонијата е градоначалниот и Советот на општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk