Дванаесета седница на Совет

05.11.2013 09:38 | KumanovoNews

  Редoвна седница утре ќе одржи Советот на Општина Куманово. На дневен ред се 8 точки, главно од сферата на урбанизмот.

Дванаесета седница на Совет

 Дневен ред

1. Информација за преземени мерки и активности од страна на Општината Куманово за реализација на Урбанистички план вон населено место Горно Којнаре за Стопански комплекс во атар на село Горно Којнаре м.в. ‘‘Новине‘‘ и м.в. ‘‘Речица‘‘ – Општина Куманово;

2. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2013/2014 година;

3. Предлог - Одлука за одобрување на Иницијатива за изработка на Детален урбанистички план за дел од  УЕ ‘‘Трета МУБ‘‘  дел од УБ 48 дел 6 Плански опфат меѓу ул. ‘‘Миле Кипра‘‘, ул. ‘‘Трета МУБ‘‘, ул. ‘‘Драган Стопаревиќ‘‘ и ул. ‘‘Перо Шварц‘‘ - Општина Куманово;

4. Предлог - Одлука за одобрување на Иницијатива за изработка на Детален урбанистички план за дел од  УЕ ‘‘Гоце Делчев‘‘  дел од УБ 29 плански опфат меѓу ул. ‘‘2001‘‘, ул. ‘‘Видое Смилевски Бато‘‘ и ул. ‘‘Страшо Пинџур‘‘ – Општина Куманово;

5. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која предвидената сообраќајна инфраструктура во ДУП за УЕ ‘‘Панче Пешев‘‘ дел од УБ 42 нема да се реализира -Општина Куманово;

6. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на село Биљановце, за место викано ‘‘Зелени рид‘‘ - Општина Куманово;

7. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 12013 -Општина Куманово;

8. Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за КП 8518 -Општина Куманово

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk