Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два одвоени случаи на палење гуми се регистрирани вчера во кумановското село Лопате, при што интервенирале и противпожарните екипи.
Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово информираат дека првата интервенција била околу пладне, а втората во вечерните часови.
„Интервенирано е во с. Лопате на запалени гуми од 11:15 до 12:05 часот и од 17:40 до 19:40 часот“, соопштија од ТППЕ.
Според податоците на Министерството за животна средина, синоќа околу 20 часот загадувањето на воздухот во Куманово беше зголемено за 2,5 пати.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk