Две еколошки акции утре во Куманово

27.09.2019 17:26 | KumanovoNews

Две еколошки акции, на две различни локации, ќе се одржат утре во Куманово, со цел да се исчисти градот од натрпаното ѓубре.

Две еколошки акции утре во Куманово

 Едната акција ја организира СДСМ Куманово, потпомогнато од ЈП „Чистота и зеленило“, а ќе се чисти просторот околу спортската сала Соколана, откако истиот комплекс беше вратен на Општината Куманово. Акцијата ќе започне во 10 часот.

Додека пак, другата еко акција ќе се одржи во населбата „Гоце Делчев“.

Ја организира основното училиште „Кочо Рацин“, во соработка со: градинката „Ангел Шајче“, ЈП „Чистота и зеленило“ како и здруженијата „Не биди ѓубре“ и „Кумановски акцијаши“.

Оваа акција ќе се спроведе на четири пункта: дворот на училиштето, околината на градинката „Пчелка“, комплексот „Мимоза“ и Трговски центар, како и Медицинскиот комплекс.

Организаторите на акциите ги повикуваат граѓаните, доколку се во можност, да им се придружат во чистењето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk