Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска се навршуваат две година од воружената пресметка во кумановско „Диво насеље“.
На 9.мај 2015 година македонските безбедносни сили се судрија со вооружена група од Косово. Борбите траеа две дена, а животот го загубија осум полицајци, додека четириесетидвајца беа повредени.
Во престрелките загинаа: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Во дводневните борби беа убиени и 10 припадници на вооружената група, а 29 беа уапсени и им се суди за тероризам.
Во населбата беа уништени 60-тина куќи во две улици, каде се криеја терористите. По завршување на конфликтот семејствата беа обештетени до државата.
Граѓаните на Куманово преживеаа два пеколни и неизвесни дена додека траеа борбите, но не подлегнаа на провокациите и го сочуваа соживотот во градот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk