Две крводарителски акции неделава

17.02.2014 09:23 | KumanovoNews

Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија неделава ќе организираат акции меѓу средношколците и полицијата.

Две крводарителски акции неделава

Учениците од албанските паралелки од “Перо Наков“ утре ќе можат да се вклучат во крводарителска акција што се организира во училиштето. Акцијата ќе трае од 13 до 17 часот.

Во четврток крводарителска акција ќе биде организирана во Кумановската полиција од 9 до 14 часот.

Овие крводарителски акции се традиционални,  а од Црвен Крст очекуваат дека ќе има над 30 крводарувања на двете акции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk