Две крводарителски акции во Куманово

15.04.2015 07:26 | KumanovoNews

Во Куманово утре ќе се одржат две крводарителски акции.

Две крводарителски акции во Куманово

Од Црвен Крст Куманово соопштуваат дека учениците од “Наце Буѓони“ крв ќе даруваат од 13 до 17 часот и се очекува да бидат собрани над 50 единици крв.

По повод 18-от роденден на партијата, ЛДП Куманово  утре на одделот за трансфузија во Општа болница Куманово организира крводарителска акција. Членови и симпатизери на партијата ќе даруваат крв од 10 до 13 часот, и се очекува да бидат собрани над дваесет крвни единици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk