Две кумановки повредни во Охрид, со возило удриле во канделабра

19.10.2020 09:26 | KumanovoNews

Две девојки се повредени во сообраќајна незгода, која утринава се случила во центарот на Охрид, откако возило удрило во канделабра.

Две кумановки повредни во Охрид, со возило удриле во канделабра

Во СВР Охрид, утринава во 6.10 часот,  било пријавено дека на крстосницата на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, С.С.(21) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална канделабра.

Во незгодата С.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, а сопатничката Ј.Д.(21) од Куманово се здобила со телесни повреди, константирани во Општата болница Охрид.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk