Две лица повредени - автомобил излетал од патот на влезот во Куманово

11.12.2021 11:18 | Сузана Николиќ

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот на влезот во Куманово.

Две лица повредени - автомобил излетал од патот на влезот во Куманово

Несреќата се случила синоќа околу 21,35 часот на исклучок од автопатот „Пријателство“ за влез за Куманово, кога патничко моторно возило „ауди“ со српска национална ознака управувано од М.Н.(32) од Р.Србија излетало од коловозот. 

Сопатниците А.В.(27) и М.В.(29) се пренесени во Општа болница Куманово, каде кај А.В. се констатирани повреди а кај М.В. се констатирани тешки телесни повреди. 

Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk