Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Старо Нагоричане - Граничен премин „Пелинце“ во селото Драгоманце.
Сообраќајката се случила вчера околу 11.30 часот кога на крстосницата на регионалниот пат Старо Нагоричане - Граничен премин „Пелинце“ во и патот кон селото Драгоманце, помеѓу патничко возило „хјундаи“, со српска национална ознака, управувано од Н.Д.(39) од Република Србија и мотоцикл „томос“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од Куманово.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, В.К.(57) од Куманово, додека со телесни повреди се здобил И.К., констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk