Двajцa загинати во сообраќајка на автопатот Куманово - Скопје, со автомобил удриле во паркиран камион

03.09.2024 12:34 | KumanovoNews

Две лица од кумановско загинаа во сообраќајна несреќа, која вчера се случила на автопатот Куманово - Скопје, пред наплатната рампа Миладиновци. 

Двajцa загинати во сообраќајка на автопатот Куманово - Скопје, со автомобил удриле во паркиран камион

„Во 11.30 часот, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско,  удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk