Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ од Куманово, освои две награди на 22. Меѓународен фестивал на физури и коса, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија.
Додевска во силна конкуренција освои прво и трето место за ретро и невестинска фризура. На натпреварувањето учествувале фризери од Бугарија, Италија, Косово, Либан, Сирија и други земји. Наташа беше единствена претставничка од Македонија.
„Многу сум среќна и горда на својот успех. Конкуренцијата беше многу силна, учествуваа познати и искусни фризери од повеќе земји. Јас се пријавив во две категории, невестинска и ретро фризура и за двете освоив награди. Требаше многу труд и посветеност за да се дојде до крајниот резултата, но и психолошка подготвеност да го издржите притисокот на натпреварувањето. Оваа награда многу ми значи, бидејќи доаѓа во еден исклучителен тежок период за мене и моето семејство, но се надвам дека на сите полиња ќе излеземе победници и ќе тргнеме во освојување на нови животни успеси“, - изјави Додевска .
Ова е нејзина трета награда на меѓународно натпреварување, по она во Скопје и во Подгорица, Црна Гора, што е потврда за нејзиниот квалитет во работа.
Студиото „Нате“ работи од 2001 година, а плановите на сопственичката се да отвори Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk