Две меѓународни признанија за фризерско студио „Нате“

16.11.2021 08:13 | KumanovoNews

Две први места за невестинска и вечерна фризура освои Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ од Куманово, на Меѓународниот фестивал на фризури, кој викендов се одржа во Софија, Бугарија.  

Две меѓународни признанија за фризерско студио „Нате“

Во силна конкуренција од 100 учесници: од Бугарија, Италија, Романија, Полска и другите европски земји, Додевска постигна извонредни резултати и се закити со највисоките признанија во категориите во кои се натпреваруваше. 

„Ова за мене беше уште едно многу значајно и незаборавно искуство. Јас се пријавив во две категори: вечерна и невестинска фризура и за двете освоив први места. Среќна сум поради постигнатиот успех, особено што конкуренцијата беше многу силна. Предизвик ми е да се натпреварувам, да ја покажам својата креативност и инспирација и да научам нешто ново. Тоа ме води низ работата. Затоа постојано посетувам семинари и обуки, сакам да се усовршувам и да ги следам новите трендови. Оваа година на фестивалот како посетители имаше повеќе колеги од Македонија, кои беа моја голема поддршка и ме бодреа додека се натпреварував“, изјави Додевска.

Студиото „Нате“ работи од 2001 година, а од пред две години има регистрирано Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование. Низ оваа академија веќе поминаа голем број на ученици и практиканти. За својата работа Наташа Додевска има освоено многу награди, признанија, дипломи и медалји.

(комерцијален текст)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk