Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повеќе од десетина дена не работи вертикалната сигнализација на една од најфреквентните раскрсници во градот, на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пионерска“.
Граѓаните реагираат, бидејќи овде движењето е опасно не само за пешаците, туку и за возачите.
„Со страв поминуваме секој ден. Ги водам децата на училиште затоа што се плашам да ги пуштам сами. Овде не е безбедно да се поминува и кога работат семафорите, затоа што во исто време се отвораат зелните светла за пешаците и за возачите што вртат лево и десно, а и многу брзо се вози. Не знам што е проблемот, но долго семафорите не работат и треба под итно да ги поправат“, вели кумановка, која ја сретнавме на улицата.
Сигнализацијата е прекината затоа што фали еден од семафорите. Најверојатно е скршен во сообраќајна незгода пред две недели, и оттогаш никако да се поправи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk