Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници на граничниот премин „Табановце“ утврдиле кршење на законите кај две патнички возила и еден автобус, кои вршеле меѓународен превоз на патници.
„При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(51) од с.Матејче, липковско, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(53) од с.Василево, струмичко и патничко возило - комби „фиат“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(24) од с.Градец, виничко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација“, соопштува МВР.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk