Две претстави за месецот на франкофонија

12.03.2015 10:22 | KumanovoNews

Ученици од Гимназија “Гоце Делчев“, по повод месецот на франкофонијата, подготвуваат две театарски претстави на француски јазик.

Две претстави за месецот на франкофонија

Првата е “Различното, не е погрешно“ и е работена по текст на ученичката Ана Младеновска, а втората е “Средба на маски“ работена по текст на Џими Дусе.

“И двете претстави траат до 15 минути. Со нив ќе се натпреваруваме на 24 март во Скопје, во Младинскиот културен центар. Првата драма зборува за три лика кои иако се поразлични од нас, сепак не прават ништо погрешно. Втората претстава е комедија, каде што ликовите ќе бидат претворени во ликови со маски“ - вели Милена Денчевска, одговорна за билингвалните паралелки во “Гоце Делчев“.

На 21 март десетина ученици ќе учествуваат на маратон на франкофонија во Скопје и ќе трчаат 4 км од Паркот на франкофонијата до Скопје сити мол. На 28 март во Гимназијата ќе има тестирање за француска олимпијада. а најдобрите тројца ќе одат на републички натпревар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk