Три пријави за семејно насилство во Куманово

20.11.2024 13:23 | KumanovoNews

Во Кумановската полиција регистрирани се три случаи на напади во семејства во Куманово. 

 

Три пријави за семејно насилство во Куманово

Вчера околу 02.00 часот во СВР Куманово, 49 - годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг В.Б..

„Истата ноќ во 01.20 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.В.(33) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата сестра и нејзиниот малолетен син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Вчера во 12.20 часот, бил приведен  и Д.С.(28) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk