Две први награди за „Панче Пешев“ во Митровица

22.06.2016 09:09 | KumanovoNews

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ освои две први награди во Косовска Митровица.

Две први награди за „Панче Пешев“ во Митровица

На 22-риот Собор на културно творештво, учествувале културно-уметнички друштва од 12 градови, од земјите на поранешна Југославија.

-Освоивме две први награди за најдобар оркестар и за најдобар фолклорен ансамбл со оргинална изведба. Натпреварувањето траеше три дена и го презентиравме нашиот фолклор на најдобар можен начин поради што добивме признание од сите учесници и посетители, - вели Мирослав Крстевски, претседател на друштвото. 

Играорците на Панче Пешев се претставиле со песни и игри од кумановско, а учествувале и на градското дефиле.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk