Две работилници посветени на развој на регионот

16.09.2014 10:39 | KumanovoNews

Две работилници за развој на североисточниот плански регион ќе се оддржат утре и задутре во “Рим Пазиз“ со почеток во 10.30 часот во организација на Центар за развој на североисточен плански регион и ГИЗ РЕД.

Две работилници посветени на развој на регионот

Ќе се изготви програма за развој на регионот за период од 2015 до 2019 година. На првата работилница ќе се говори за транспорт и инфраструктура, земјоделство и рурален развој, економија и инвестиции, а на втората за животна средина, туризам и култура, образование и социјална политика.

На работилниците ќе има претставници од локалните самоуправи, бизнис секторот, невладините организации и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk