Две разбојништва во кумановско, ограбена пумпа и аптека

06.03.2019 14:21 | KumanovoNews

Две разбојништва се случиле синоќа на две одвоени локации во Куманово, соопштуваат од СВР Куманово.

Две разбојништва во кумановско, ограбена пумпа и аптека

Околу 20,30 часот е пријавено дека во аптека на улица "Тоде Мендол" од страна на едно лице со закана извршено е разбојништво при што се одземени пари од дневниот промет.

Во вториот случај во 20.50 часот е пријавено дека на бензиска пумпа лоцирана на автопат Куманово - Скопје, од страна на лица со закана извршено е разбојништво при што од касата го одзеле дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk