Две советнички листи со технички грешки

18.02.2013 13:33 | KumanovoNews

 Кај советничките листи на ДОМ и СДУ, кои се доставени до општинската изборна комисија се забележани технички грешки и им се дадени два дена да ги корегираат истите.

Две советнички листи со технички грешки

Од десет советнички листи, осум се потврдени, за две им е даден рок да ги отстранат грешките за 48 часа. Грешките се за последни три кандидати наместо двајца од ист,а трет од спротивен пол ги пишале сите исто. Сега малку ќе изгубат време бидејќи треба да најдат нов кандидат од спротивен пол, да извадат уверение од суд.Има и некои минимални грешки во пишување на имиња, спротивно од лична карта, матични броеви.- изјави Душан Серафимовиќ, секретар на ОИК.

 Комплетните советнички листи ќе бидат доставени до ДИК, а потоа ќе се утврдува дали некој од кандидатите бил соработник на трајните служби.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk