Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две жени на возраст од 60 и 81 година се повредени вчера во двете сообраќајни несреќи што се случиле во Куманово.
Од МВР соопштуваат дека во 9.20 часот на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, товарно моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(40) од Куманово, удрило во пешакот В.С.(81) од Куманово. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила В.С. констатирани во Општата болница во Куманово.
Втората сообраќајка се случила на во 14.30 часот на крстосницата од ул.„Народна Револуција“ и ул.„Перо Шварц“ во Куманово, кога патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(70) од Куманово, удрило во пешакот С.С.(60) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С. констатирани во Општата болница во Куманово.
Полицијата работи на расчистување на случаите.
Во Куманово пешаците се почесто се жртви во сообраќајни незгоди, дел поради несовесните возачи, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но понекогаш и самите не се придржуваат до истите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk