Двегодишно дете починало на клиника во Скопје

24.12.2014 08:41 | KumanovoNews

Двегодишно дете од Куманово во сабота вечер починало на Клиниката за детски болести, пишува “Здравство24“.

Двегодишно дете починало на клиника во Скопје

Според дежурните лекари, детето имало лоша крвна слика со хемоглобин 22 и еритроцити 0.9. Половина час траела реанимацијата, но лекарите не успејале да го спасат детскиот живот. Несреќното детенце било тешко едвај 13 килограми, неухрането и запуштено, полно со вошки. “Здравство24“ пренесува дека мајката била со пречки во развојот, и на лекарите им рекла дека детето еден месец не можело да стане од кревет. Двегодишното дете не било заведено во матична книга на родени, а мајката имала уште три деца и била бремена по петти пат.

Полицијата го проверила случајот и констатирала дека се работи за социјално загрозено семејство, но не поднела пријава бидејќи не се работи за насилна смрт. Обдукцијата ќе покаже од што точно починало двегодишното дете.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk