Двојно намален бројот на болни од туберкулоза

21.09.2013 08:35 | KumanovoNews

 За разлика од лани, годинава бројот на заболени од туберкулоза во Куманово двојно е намален.

Двојно намален бројот на болни од туберкулоза

Од почетокот на 2013 година регистрирани се 11 заболени, а за истиот период лани имало 22 заболени од туберкулоза.

Намалување има заради навремено откривање на болни. Ако најдеме еден болен во семејство  ги проверуваме и другите со кои имаат контакт. Се дава бесплатна терапија и тоа е успех. Нема многу млади болни, нема деца што е добар знак - изјави Драги Гелевски, специјалист по пнеумофтизиологија во Пнеумофтизиолошки диспанзер Куманово.

Кашлица која трае повеќе од три недели, болка во градите, искашлување на крв, замор, намален апетит, треска се дел од симптомите кои укажуваат дека пациентот има туберкулоза.

Туберкулозата се шири преку воздухот од едно на друго лице, а не преку ракување, делење на храна или пијалок, допирање на лични предмети на болниот и слично.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk