Двојно повеќе заболени од рак на бели дробови

30.05.2014 08:40 | KumanovoNews

Во Куманово во последните неколку години двојно е зголемен бројот на заболени од карцином на бели дробови, тврдат лекарите.

Двојно повеќе заболени од рак на бели дробови

Третина од заболените се жени и се смета дека пушењето е главен фактор кој доведува до појава на ова тешко заболување.

  - Порано во повеќето случаи болните беа мажи, а сега како почна и женската популација повеќе да пуши има пораст во заболувањето. Над 70 отсто од карцином на бели дробови се јавува кај пушачи. Никотинот има над 700 токсични продукти. Покрај други фактори како што се загаденост на околина, исхрана, озрачувања, еден од главните ризик фактори е пушењето. Повеќето пушачи кои пушат повеќе години имаат бронхитис, а кај постарите се јавува гушење или “глад за воздух“ - вели Светлана Петровска Талевска, шеф на Антитуберкулозен диспанзер Куманово.

Утре се одбележува 31 Мај - Светски ден за борба против пушењето. Во Македонија е направена студија која покажува дека 52,47 отсто од лекарите се непушачи, а 47,53 се пушачи. Мажите пушат по 18, а жените по 11 цигари дневно, покажува статистиката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk