Двојно убиство во Габреш

21.02.2024 14:03 | Сузана Николиќ

Две лица се убиени и едно повредено  во кумановското селото Габреш, откако во нив било пукано од огнено оружје.

Двојно убиство во Габреш

„Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско  поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, информира СВР Куманово.

Од Кумановската болница велат дека повредениот е пренесен на Скопските клиники.

Со три прострелни рани, поради сериозноста на повредите Ж.Р. е препратен до Клиничкиот центар во Скопје.

Повредите се констатирани од лекари од Хируршкото одделение на кумановската болница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk