Двојно зголемен бројот на заболени од грип

21.01.2016 11:15 | KumanovoNews

Последнава недела има двојно зголемување на бројот на заболени од грип во Куманово, во однос на претходната недела.

Двојно зголемен бројот на заболени од грип

Од 55 бројот на заболени се зголемил на 107, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Веќе имаме еден благ пораст на заболените од грип. Најзастапената возрасна група е од 15 до 64 години. Потоа следи групата од 5 до 14 годишна возраст. Остануваат препораките во студените зимски месеци кога станува збор за сезонско заболување, општите мерки како избегнување на затворени простории, адекватно облекување, проветрување, избегнување на затворени колективи, користење на витаминска терапија и при поголеми компликации да се консултираат со матичен лекар, одржување на онаа општа лична хигиена - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Пораст последнава недела има и на бројот на заболени од грип во Кратово, каде од 7 бројот на заболени се искачил на 34.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk