Двонасочен сообраќај на „Нагорички“ на седница на Совет

10.09.2013 10:05 | KumanovoNews

 Советниците во четврток ќе го разгледаат предлогот на Секторот за урбанизам да се врати двонасочeн сообраќај на улицата „Иво Лола Рибар„.

Двонасочен сообраќај на „Нагорички“ на седница на Совет

 Точката се најде на дневен ред, откако сопствениците на дуќани обвинија дека со воведување на еднонасочниот сообраќај на улицата драстично им се намалила или ја изгубиле работата.

Враќањето на стариот режим на сообраќај беше ветен од градоначалникот и кандидатите за советници на предходните избори и откако се заврши сообраќајната студија по неа ќе се расправа.Се надевам дека Советот ќе го разгледа предлогот и ќе донесе одлука во интерес на граѓаните.- изјави претсдетелот на Советот Максим Димитриевски.

Доколку се изгласа одлуката повторно да се вози двонасочно на Нагорички сокак, тогаш ќе бидат укинати паркинг местата на коловозната лента заради непречено одвивање на сообраќајот.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk