Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џамалари од селото Орашац утре ќе учествуваат на маскенбал во кавадаречкото село Ресава.
Мештаните имаат соработка со кавадаречките џамалари и најавуваат дека во сабота и во Орашац ќе има маскенбал.
Утре рано 25 луѓе од Орашац тргнуваме во Ресава. Ќе одиме во цивилно, а таму ќе се маскираме. Со нив имаме соработка, збратимени сме. Тие се доста организирани, имаат и свое здружение. Имаме и многу покани за учество на настани во Ријека, во Полска и други земји - вели Крсто Милошевски, одговорен од одборот за маскенбал.
Во сабота во Орашац се очекува да има најмалку 50 џамалари, при што ќе бидат презентирани народните обичаи.
Фото: http://www.istrazijamakedonija.com.mk
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk