Џез концерт на Филип Стевановски во Занаетчискиот дом

24.04.2019 10:25 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се оддржи џез концерт на Филип Стевановски бенд.

Џез концерт на Филип Стевановски во Занаетчискиот дом

Љубителите на џез музиката ќе имаат можност да бидат и дел од снимањето на новиот џез албум на Стевановски, што ќе биде промовиран во јуни годинава.

„Имаме неколку поводи за одржување на концертот. Минатата година со јубилејниот концерт што го реализирав во Куманово влезе во Асоцијацијата на одржување на Интернационален џез што е од големо значење, зашто градот е влезен и како град на културата оваа година. Тука е снимањето на новиот албум што треба да излезе во јуни, ќе биде во принцип џез концерт со моја авторска музика и на бендот. Ќе има џез, повеќе стилови, како латино и слично, но сепак најмногу ќе има инструментална музика“, истакна Филип Стевановски.

Концертот го организираат Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт.


Влезот е слободен.
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk