Џез концерт пред Центарот за култура

22.07.2020 11:39 | KumanovoNews

На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев, утре во 20 часот концерт ќе одржи  „Џез Квартет“.

Џез концерт пред Центарот за култура

Групата ја сочинуваат: Билјана Петровска на пијано, Марија Јакимовска на флејта, Антоние Весковски на удирачки инструменти и Зоран Павлоски на контрабас.

На програмата е класична и џез музика.

Задолжително е носење на заштитна маска, позитивна енергија и убава мисла, посочија од Центарот за култура.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk