Џип со кумановски таблички прегазил пешак во Скопје

26.01.2022 13:42 | Сузана Николиќ

Пешак е прегазен денеска во 11.25 часот пред мостот „Гоце Делчев" во близина на Владата. Во него удрило возило „БМВ Х5" со кумановски таблички.

Џип со кумановски таблички прегазил пешак во Скопје

Идентитетот и возраста на починатиот за сега не се знаат.  Полицијата врши увид на местото на несреќата. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот.

„По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства. Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот“, соопшти Обвинителството.​

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk