Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На инфективното одделение при Општа болница Куманово има доволни количини на серум против змиски отров
Жител на едно кумановско село побарал помош на инфективното оделение откако го каснала змија. Лекарите му ја пружиле неопходната помош, но ги предупредуваат граѓаните да внимаваат кога се движат во природа во јуни и јули, бидејќи тогаш змиите се најраздвижени.
- Местото каде што е гризнато треба да се стегне со ластика или нешто друго, но не премногу. Треба да се остави простор да помине малиот прст, осносно да се направи една венска препрека за да не се апсорбира отровот брзо. Лицето што е каснато треба што помалку да се движи и што побрзо да стигне во соодветна здравствена институција - советува доктор Азиз Бајрами, инфектологот.
Во случај на каснување од змија доколку самите граѓани не се во можност во најкус можен рок да стигнат во болница, можат да повикаат Брза помош.
На инфективното одделение при Општа болница Куманово има доволни количини на серум против змиски отров, тврдат лекарите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk