Еден новозаболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово

01.02.2021 22:18 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19, а направени се 678 тестирања.

Еден новозаболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово

По градови: Скопје – 35, Кавадарци –7, Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар -1, Велес – 1, Крива Паланка – 1.

Починати се 11 лица, 6 пациенти од Скопје (83,83,82,81,73 и 67), два од Гостивар ( 60 и 61) и по еден од Охрид (83), Струмица (75) и Тетово (77). Сите 11 пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 440 оздравени пациенти од: Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5 , Берово – 5 , Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2 , Неготино – 2 , Ресен – 2 ,Виница – 2 , Богданци – 2 , Охрид – 1 , Свети Николе -1 , Радовиш – 1 , Демир Хисар -1 , Пехчево – 1.

Досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, на починати е 2.866, а бројот на активни случаи изнесува 7.766.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk