Еден новозаболен и седум оздравени од коронавирус во Куманово

25.05.2021 19:01 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.

Еден новозаболен и седум оздравени од коронавирус во Куманово

Регистрирани се 103 оздравени пациенти од: Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).

Од пријавените, 5 лица  се починати  во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68413, Активни 1087

Куманово 8806, Активни 251

Прилеп 8283, Активни 117

Тетово 7207, Активни 103

Битола 6286, Активни 181.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk