Еден новозаболен од коронавирус во Куманово

14.05.2020 12:35 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа во Куманово е потврден еден случај на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Еден новозаболен од коронавирус во Куманово

Како што информираат од Институтот за јавно здравје во изминатото деноноќие има направено 349 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2.

Досега во земјата се направени вкупно 20088 тестирања на КОВИД-19.

Воедно, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти: Штип 1, Велес, Гостивар 1 и Кочани 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1723, бројката на оздравени пациенти е 1235, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 393.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk