Еден новозаболен, вкупно 34 активни случаи од ковид-19 во Куманово

23.06.2021 18:41 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 5 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.466 тестирања. По градови во: Скопје –  3, Куманово и Тетово – по 1.

Еден новозаболен, вкупно 34 активни случаи од ковид-19 во Куманово

Регистрирани се 8 оздравени пациенти од:Скопје и Тетово – по 2, Кичево, Гевгелија, Валандово  и Демир Хисар – по 1.

Пријавено е едно починато лице од Кичево (39г), починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68649, Активни 92

Куманово 8880, Активни 34

Прилеп 8327, Активни 22

Тетово 7245, Активни 24.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk