Еден од загинатите пилоти кумановец

11.07.2014 08:29 | KumanovoNews

Марјан Тајковиќ (47) од Куманово, е еден од четирите пилоти, кои синоќа го загубија животот во хелихоптерската несреќа кај Струмица.

Еден од загинатите пилоти кумановец

 Останатите  загинати се Тоде Орешков (44) од Кавадарци, Драги Мицев (45) од Струмица и Иљо Лопатички ( 46) од Битола, сите припадници на хелихоптерската единица при МВР.

Несреќата се случила синоќа по 22 часот, кога хeлихоптерот удрил во антенски столб. Очевидци тврдат дека пре несреќата леталото немало светло а се слушал само звукот, по што тој паднал и се запалил. Сите починале на лице место.

 Хеликоптерот летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.

Причините за несреќата ќе ја утврди истрагата и увид од двете црни кутии кои се пронајдени.

Трајковиќ, има чин пилот- капетан и работен стаж од 37 години. Со своето семејство живеел во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk