Еден починат, 13 новозаболени и 189 оздравени од ковид-19 во Куманово

15.05.2021 15:59 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.196 тестирања.

Еден починат, 13 новозаболени и 189 оздравени од ковид-19 во Куманово

По градови во: Скопје – 30, Куманово – 13, Кичево – 8, Битола – 7, Радовиш – 6, Охрид – 5, Прилеп, Кочани и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово – по 3, Штип и Неготино – по 2, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово – 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од: Скопје – 924, Куманово – 189, Битола – 166, Прилеп – 137, Тетово – 97, Охрид – 94, Велес – 76, Кичево – 65, Гостивар – 60, Штип – 55, Кавадарци – 43, Ресен – 41, Гевгелија – 28, Струмица и Струга –по 26, Неготино – 24, Кочани – 23, Делчево – 18, Свети Николе – 17, Виница и Демир Хисар – по 14, Радовиш – 9, Крива Паланка, Богданци и Крушево – по 8, Македонска Каменица и Валандово – по 3, Пробиштип – 2, Демир Капија – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68209, активни 1596

Куманово 8776, активни 342

Прилеп 8259, активни 168

Тетово 7188, активни 135

Битола 6265, активни 258.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk