Еден починат, 15 новозаболени и 36 оздравени во Куманово

21.12.2020 08:54 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19, се направени 1.387 тестирања. Осумнаесет лица починаа од ковид-19.

Еден починат, 15 новозаболени и 36 оздравени во Куманово

Најмногу нови случаи има во Скопје – 132, па следуваат Куманово – 15, Дебар – 4, Штип – 11, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струга – 9, Велес – 4, Битола – 18, Охрид – 24, Кавадарци – 18, Гостивар – 8, Гевгелија – 18, Струмица – 18, Крива Паланка – 5, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 8, Пробиштип – 5, Валандово – 1, Виница – 1, Делчево – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 8, Ресен – 8 и Неготино – 6.

Институтот за јавно здравје регистрираше уште 689 оздравени пациенти и тоа: Скопје – 263, Куманово – 36, Штип – 40, Прилеп – 43, Тетово – 27, Струга – 37, Велес – 40, Битола – 39, Охрид – 34, Кавадарци – 23, Гостивар – 31, Гевгелија – 8, Струмица – 5, Крива Паланка – 3, Радовиш – 4, Крушево – 1, Кочани – 13, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Виница – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 7, Кичево – 3, Ресен – 3 и Неготино – 16.

Ковид-19 однесе уште 18 животи во Македонија: седум од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58 години), еден од Куманово (60), два од Струга (70 и 82), два од Битола (48 и 78), четири од Охрид (84, 82, 70 и 78), еден од Кочани (55) и еден од Ресен (72). Сите се починати во болнички услови.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се дијагностицирани 78.305 заразени, 54.034 оздравени и 2.292 починати, а бројот на активни случаи е 21.979.

Дистрибуцијата по градови е:

• Скопје 33.779, активни 11.822

• Куманово 4.463, активни 600

• Крива Паланка 567, активни 135

• Кратово 181, активни 24.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk