Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19, a направени се 2953 тестирања.
По градови, во Скопје 270 нови позитивни, во Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.
По комликации од ковид-19 починале 22 лица, десет од Скопје на возраст од 84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74 години, како и еден од Куманово (77), еден од Дебар (68), еден од Штип (81), еден од Битола (69), двајца пациенти од Охрид (47 и 76), еден од Кавадарци (48), двајца од Гостивар (79 и 64), двајца од Крива Паланка (81 и 79) и еден пациент од Кичево (63). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
На Инфективните оддели во земјава лежат 766 болни и има околу 450 празни места во Ковид-центрите.
Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од: Скопје-204, Куманово-18, Штип-9, Прилеп-33, Велес-16, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-30, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-11, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-9.
Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 86.150 заболени, оздравени се 67.164, починаа 2.614, а активни случаи се 16.372.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 37326, активни 10017
• Куманово 4865, активни 474
• Крива Паланка 665, активни 104
• Кратово 200, активни 15.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk