Еден починат, 24 новозаразени и 23 оздравени од коронавирус во Куманово

12.12.2020 19:56 | KumanovoNews

Во последните 24 часа се регистрирани 982 случаи на ковид-19 од направени 2.805 тестирања, а починати се 19 лица, соопшти Министерството за здравство.

Еден починат, 24 новозаразени и 23 оздравени од коронавирус во Куманово

Новите случаи на ковид-19 се од Скопје-456, Куманово-24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.

Од починати 19 лица, четворица се од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87), еден од Струга (78), еден од Велес (53), еден од Битола (86), двајца пациенти од Охрид (76 и 80), еден од Кавадарци (65), двајца од Гостивар (75 и 56), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81) и еден пациент од Кратово (65). 17 од нив се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти од:Скопје 176, Куманово 23, Штип 31, Прилеп 32, Тетово 48, Велес 26, Битола 30, Кавадарци 21, Гостивар 63, Гевгелија 12, Струмица 9, Крива Паланка 8, Радовиш 5, Кратово 2 и др.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.025, бројката на оздравени пациенти е 48.726, на починати е 2.096, а бројот на активни случаи изнесува 22.203.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 31554, активни 11425

• Куманово 4231, активни 661.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk