Еден починат, еден новозаболен и 45 оздравени од коронавирус во Куманово

06.06.2021 21:06 | KumanovoNews

Во последните 24 часа  регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.825 тестирања. По градови: Скопје – 5, Прилеп и Виница – по 2, Куманово – 1.

Еден починат, еден новозаболен и 45 оздравени од коронавирус во Куманово

Пријавени се вкупно 7 починати лица: по едно лице од Куманово (69г), Прилеп (78г), Тетово (77г), Гостивар (77г), Кочани (80г), Штип (69г) и Струмица (52г). Од пријавените, три лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Регистрирани се 332 оздравени пациент од: Скопје – 101, Куманово - 45, Битола – 23, Прилеп и Струмица – по 19, Тетово – 16, Охрид – 15, Кичево - 12, Струга – 10, Виница - 9, Радовиш – 8, Гостивар – 7, Штип, Ресен и Делчево – по 6, Велес  и Свети Николе – по 5, Кавадарци, Неготино и Гевгелија – по 4, Крушево – 3, Богданци – 2, Кочани, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 814.518 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68568, Активни 299

Куманово 8844, Активни 64

Прилеп 8311, Активни 38.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk