Еден починат и 11 новозаболени од коронавирус во Куманово

11.10.2020 20:29 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се 11 новозаболени, еден починат и 6 оздравени од коронавирус.

Еден починат и 11 новозаболени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата има нови 383 случаи на ковид-19, а направени се 1648 тестирања. По градови: Скопје 201, Штип 21, Прилеп и Струмица 20, Куманово 11, Крива Паланка 6, Свети Николе 5 и др.

Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63), Тетово (69), Гевгелија (67), Скопје (51), Кавадарци (60) и двајца пациенти од Битола (60 и 79).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти. Од Куманово 6 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид-19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20937, бројката на оздравени пациенти е 16194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3951.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk