Еден починат и 12 новозаболени од коронавирус во Куманово

14.10.2020 18:26 | KumanovoNews

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистрирани се нови 12 случаи од ковид-19, еден пациент починал и 15 се оздравени.

Еден починат и 12 новозаболени од коронавирус во Куманово

На ниво на државата во последните 24 часа регистрирани се 445 нови случаи, а направени се 2441 тестирања.

По градови: Скопје 249, Струмица 36, Прилеп 25, Тетово 16, Битола 14, Штип 13, Куманово 12, Крива Паланка 5, Свети Николе 4 и др.

Починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (7 и 62), еден од Куманово (66), двајца од Струга (58 и 65), еден од Струмица (80), еден од Крива Паланка (83), од Пробиштип (60) и пациент од Свети Николе (65).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти. Од Куманово 15.

Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk